Македонски џин- Смидџин е една од најубавите хедонистичко алкохоличарски приказни за годинава
Се собрале група дечки и откриле дека кај нас расте една од најдобрите суровини за производство на џин-Малешевска смрека која се користела и во правење на многу Енглески врвни џинови 1/4
Смидџин има супер амбалажа, изгледа врвно и е феноменален за џин/тоник
Пријатно сме воодушевени од целиот производ и концепт
Домашен производ, а светски направен и искрено го препорачуваме да го пробате.
Среќна Нова 2022 и за многу вакви🥂
#светскоанаше
Од рубриката “Мали Винарии, Големи Вина“, оваа недела ги претставуваме Гоце и Винарија Сарика. Интересно е да кажеме дека ова е можеби единствената винарија која е од Прилеп и за сега многу успешно го прославува овој регион со своите вина.
👨🌾Кој е Гоце? Гоце е еден исклучително
Смидџин е направен со дестилација на вкупно 12 растенија- смрека,планински чај, ангелика,цимет,каранфилче,кора од цитрусни плодови..
Водечки се аромите на смрека кои надополнети со ароми на планински чај и цитрус се провлекуваат и на вкус и му даваат уникатен печат на производот
Чеповите за вино се произведуваат од кората на дрвото плута кое е вид на даб.
Тоа е природен материјал, кој е водоотпорен, еластичен и самообновлив.
Кога дрвјата ќе наполнат 25 години, плутата традиционално се соблекува од стеблата и истото се повторува на секои 9 до 13 години
Колку поголема вдлабнатината на дното од шишето за вино, толку е подобро виното?🤔
Вински мит кој не е точен, а многу луѓе се уште веруваат во него.
Историски, шишињата🍾 за вино се произведувале рачно. Вовлекувањето (се вика пунт) на дното на шишето мајсторите го оставале
Фотографиите подолу се вчерашни од Шабли, Франција.
Прикажани се два начини како луѓето пробуваат да ги заштитат лозјата од пролетно мрзнење
Со палење во лозјата за да се подигне температурата или истурање на вода за да се создаде обвивка од мраз која ќе делува како како изолатор
За сулфурот во вината😟Многу нормална работа и го има скоро во најголем дел од вината
Не се може без него зошто неговата улога е заштитна,односно ги штити вината од расипување.
Она што е улогата на разните конзерванси и адитиви во прехраната тоа е улогата на сулфурот кај вината⬇️
Па така решиле на производот да му направат еден Back to the roots
Направиле супер дeстилерија- џинотека во бившо МЦМ, оделе и дегустирале година дена по џинотеки во Шкотска и Енглеска, пробувале и дестилирале разни комбинациии, и после две години направиле еден прекрасен призвод
Фотографиите се од лозјата на островот Lanzarote, Канарски острови
Островот е интересен поради тоа што центарот е покриен со стврдната вулканска лава од ерупција.
Фасцинантно е како луѓето нашле модус да се прилагодат на природата и да одгледуваат винова лоза на уникатен начин
Бандо твитерџиска
Александар, еден опасно добар наш музичар 🥁, од неодамна ни се врати од Франција и отвори вински бар/бистро
Супер концепт со супер вина, храна и најсупер цени.
Се вика Why Not Wine Bar (карши Балет) 😊
Топла препорака за сите кои сакаат(или не)нешто поразлично
Зошто за некои вина викаме дека се барик вина? 🤔
Затоа што одреден период од својот”живот”зрееле во точно определен тип на буре што се вика барик.
Бариците се дабови буриња и се со волумен од 225 лит.
Ако виното зрее во друг тип на буре,што не е 225 лит, тогаш тоа🍷не е барик.
Зошто вртиме чаша?- На шише вино кое што е непосредно отворено обично му треба одредено време за да “отвори”, односно ги ослободи своите ароми. Со вртењето на чашата ние го потпомагаме и забрзуваме тој процес зошто поголема површина вино доаѓа во допир со воздухот побргу.
И така полека ама сигурно успеаја да ја згаснат и една од најстарите винарии кај нас, Повардарие. Од неодамна и овој производител, кој долги години беше предмет на дневно политички поткусурувања отиде во стечај. Покрај по убавите вина, ќе го паметиме и по непреболот Стара Жолта😥
Светски Ден на Вранецот- Зошто треба да го славиме, да го сакаме и да негуваме овој ден. #Дел2
-Интересно е како започнува да се одгледува Вранецот во МКД. Имено, според проф. Настев, приказната за Вранецот започнува некаде во 1950- тите, кога бил засаден за експериментални цели
Одговорот на прашањето од квизот е Станушина🏆🍇
Зошто Станушината е значајна за нас?🤔
Од мајка “Беле Козје Сисе“ и татко “Кадарка“ на оваа мала грутка земја, пред стотици, стотици години се родила нашата единствена автохтона сорта- Станушината. Ова е и научно докажано, фала
Што значи автохтона сорта?
Значи дека потеклото на таа сорта е од таму каде што е пронајдена.
За 🇲🇰автохтона сорта е Станушината.
За жал, насадите се многу намалени и многу малку винарии обрнуваат внимание на неа.
За сега само Попова Кула и Брушани произведуваат вина од неа 1/5
Што значи кога за некое вино ќе се каже дека е Резерва?🤔
Историски, кога винарите ќе насетеле дека некое вино се разликува од останатите по својот квалитет, го тргале на страна и го оставале да созрее уште некое време пред да го пуштат во продажба
(Одело во златна резерва😊)1/4
Колку калории има во чаша вино?
Калориите во виното воглавно доаѓаат од алкохолот и од шеќерот.
Следствено на ова,сувите вина за кои се подразбира дека немаат сладост содржат многу помлаку калории отколку полусувите или полуслатките (они кои на вкус ви се поблаги) вина. Истото👇
Денес славиме светскиот ден на Вранецот
Што е VRANEC WORLD DAY?
Повеќе земји во светот имаат светски ден на некое вино. Обично тоа е виното кое е најтипично за нивниот регион и на кое се горди
Па ако Аргентина го слави Малбекот,Србите Прокупец, Македонија си го слави Вранецот 1/4
Што се крие позади имињата“Црн Лебед“, “Црна Роза'', “Кралот Давид“? 🤔Втората винарија која го насети потенцијалот на охридскиот вински регион и решија на туристите да им понудат нешто друго освен езерото, се Монастери Винарија.
💒Една навистина успешна и заокружена приказна
Од рубрката “Мали Винарии, Големи Вина“ ќе претставме две винарии од Охрид. За информација, во Охрид се крие можеби и најубавиот тероар за вина во цела Македонија. Скоро се е како по книга, само што за жал лозјата🍇 и винарството кои во претходната држава биле многу застапени, со
Супер резултати за македонските винарии на овогодинешниот Balkan International Wine Competition. Вкупно 45 медаљи за 🇲🇰
Најзначајни
Тиквеш Barovo 2017-Trophy за најдобро црвено вино од автохтона сорта
Камник Vranec Terroir Grand Reserva 2015- Best of Show од македонските вина 1/2
Што пиеме кога јадеме тестенини🍝?
Она што за нас е комбинацијата шопска со ракија, така за италијаните се тестенини и🍷
Историски тестенините и виното делат една врска која што е длабоко вкоренета во италијанската гастрономија и култура и како таква се негува и до ден денес 👇👇
Шприцер или чисто бело вино? 🤔
@kalinbabusku
најмногу зависи од тоа какво е виното.
Во принцип, концептот на Шприцер и сличните на него (гемишт, беванда, розе шприц и сл.) го има скоро секаде. За ваков тип на пијачки се користат лесни генерички вина кои не изобилуваат со
ај едно прашање поврзано со бело вино:
дали повеќе почитувате
1. Шприцер концепт или
2. Чисто бело вино
фала и за РТ
@WineTipsology
, има некое истражување на оваа тема во МК?
Излезе дека натпреваров е еден од 4-те гранд слем турнири за жестоки пијалоци во Европа. Уште поинтересно е што на истиов се оценуваат квалитет, вредност и пакување што во превод би значело, завршиле добра работа во секој сегмент.
Епа дечки, браво за вас и да Ви се множат 👏👏👏
Рубриката “Мали Винарии, Големи Вина“ денес е за Арабеска винарија и дечкото кој што за својот 20 год. роденден кажал не на нова кола и побарал парите за кола да се вложат во винарија. 🚗🏰🍷
Да,да...имало и вакви дечки👦
🏰Арабеска е мала семејна винарија од Сопот. Како и секоја
Просеко VS Шампањ-
Исто како и шампањот и просекот е пенливо вино. Иако многу често е споредувано и поистоветувано со шампањ, сепак има доста разлики. Овде пред се влегуваат потеклото, сортите од кои е направено како и начинот на производство. Подолу се основните разлики 🍾🥂
Веројатно со право ги нарековме најубавата хедонистичко алкохоличарска приказна за минатата година.
Со Смидџин- нашиот прв македонски џин, освоиле сребрена медаља на London Spirit Competition. Истражувавме малку околу овој компетишн и кажано на спортски јазик, 👇👇👇
Заслугите на Смедеревката- Несомнено некои од нејзините “коктели“ добиле култно значење во секојдневието на секој граѓанин на 🇲🇰. Нпр:
Лили- литро со литро
Шприцер- пола литро со пола литро
Намештај- два деци со два деци
Бунар- Лили+🍋🍊🍎🍏🍐
Изреката - “Ладен како шприцер“
Нема попрекрасно чувство од она кога ќе откриеме некое ново вино. Понајпрекрасно од тоа е кога истото е со одличен однос цена квалитет.
Епа твитерџии мои запознајте се со Жилавка на Параџик винарија. Еден извонреден примерок на сортата Жилавка и како таа може најдобро да 👇
Од рубриката “ Вински Квиз за Викенд“📖
Која е сорта грозје е Македонска автохтона сорта❓🤔
1. Вранец
2. Мускат Хамбург
3. Станушина
4. Каберне Совињон
🍇🍇🍇🍇🍇🍇🍇❓
Продолжуваме со преставување на малите семејни винарии. Овојпат тоа се Филип и малата семејна винарија Киево
👨🌾Филип е млад дечко, кој потекнува од семејство кое веќе трета генерација се занимава со одгледување на земјоделски култури. За наша среќа, решава да ја продолжи
Денес го славиме светскиот ден на Вранецот.
Зошто треба да го славиме, да го сакаме и да негуваме овој ден. #Дел1
-Македонија е земја со најголем бој на насади на винова лоза од сортата Вранец од било која друга земја во светот
- Секоја еден што некогаш почнал да пие вино во
Светски Ден на Вранецот- Зошто треба да jа славиме, сакаме и негуваме оваа сорта.🍷#Дел3
- Вината од сортата Вранец се полни, богати со ароми и вкусови на цреша, вишна, сува слива и ноти на тутун, ванила. Се одликуваат со темно рубин боја и имаат долг вкус. Извонредно се
Има доста твитерџии кои од време на време бараат винска препорака.
Па за да бидеме сите среќни повремено ќе твитнеме и за некое вино.
Акцентот ќе биде на оние кои оправдуваат цена/квалитет однос.
Не е вистина дека скапите вина се најдобри.
Најдобро е она кое ја заслужува цената
Мала винска препорака-Како да познаеме дали виното е постаро? На бела површина (на чаршафот од масата или салфетка) накривете ја чашата под агол.Ако на краевите виното почнува да ја менува својата нијанса накај кафенишкаво (потопли тонови), значи дека станува збор за постаро вино
Мали вински препораки- Шишињата со вино секогаш чувајте ги во легната, хоризонтална положба. На овој начин се овозможува плутата со кое што е затворено виното да биде секогаш влажна, да не се исуши. Вака може да бидеме сигурни во затворањето и вината да ги чуваме и подолго време
Што е хоризонтална дегустација- Кога се дегустираат вина од иста берба, но од различни винарии. Значи, сортата, типот и винскиот регион се исти, а она што се менува се производителите. Овој тип на дегустација е интересен за да се видат разликите во стиловите на винариите.
Прекрасен репрезент на старата добра жолта со идентитет на жолта.Три години одлежана во буре, многу мека и питка. Убав баланс на овошните и аромите од бурето, со благ примат на овошните кои потсеќаат на зрела крушка.Фала богу производителот не се трудел да личи на коњак или виски
Интересно да си знаеме🔔 Иако според преспанскиот името е сменето во С. Македонија, сепак некои работи, случајно или не, останале како треба.
Нпр. преставката “северна” не мора да се додава кога збориме за нашите вина. За среќа, виното останало “македонско вино”🇲🇰, а не за
Важно е да се забележи дека на неодамнешниот меѓународен натпревар наменет за вината од сортата Вранец, голем успех постигнаа и вината на малите семејни винарии. Во прилог медалистите🥇
🍷Винарија Попови- Вранец Дисан 2020
🍷Брзанов Винарија- Вранец еликсир 2015
🍷Олд Скул
Покрај едукативните твитчиња некои твитерџии побараа и мислење околу вината.За да бидеме сите среќни ќе твитнеме и за вината. Акцентот ќе биде на оние кои го оправдуваат односот цена/квалитет. Не значи дека скапите вина се најдобри. Напротив најдобро е она кое ја заслужува цената
Голем дел од чашите за вино на врвот, односно околу отворот се потесни во однос на телото
Зошто?
Покрај во вкусот виното се ужива и во мирисот
Овој облик овозможува аромите на виното што се ослободуваат при вртењето на 🍷 да излегуваат многу поспоро и со тоа подолго да ги уживаме
Основна разлика помеѓу обичните чаши и чашите за вино е држачот или вратот што го имаат чашите за🍷
Истиот има две основни функции
- Многу полесно се провртува виното кога чашата ја држиме за вртатот
- Држејќи ја чашата за вратот превенираме виното да не го затоплиме со дланкитe
Интересно е како започнува да се одгледува Вранецот во МКД. Имено, според проф. Настев, приказната за Вранецот започнува некаде во 1950- тите, кога бил засаден за експериментални цели на лозја во близината на Скопје. Набргу се заклучило дека македонскиот тероар за оваа сорта👇1/3
Подолу се најголеми извозници на вино во светот. Тоа што повеќе не сме помеѓу првите 15 и не е толку страшно. Последниве 5,6 години извозот е зголемен повеќе вредносно,односно поради зголемениот извоз на флаширано во однос на наливно вино
Во крајна линија, многу подобро за сите🥂
Зошто токму Вранец?
Вранецот е сорта која што е типична за Балканот. Ретко ќе најдете да се одгледува во други делови од светот.
Во Македонија пак, верувале или не, површински ��е наоѓаат најголемите насади на Вранец не само на Балканот туку и во цел свет. Вкупно 10.800 ха. 2/4
Во многу земји, како Италија и Шпанија, за тоа дали некое вино ќе се нарекува “резерва” или не, го имаат регулирано со закон.
За да може некое вино од Шпанија да биде “резерва”, истото мора да е најмалку 3 години старо, од кои 6 месеци да има одлежано во буре 3/4
@Bavcov
Ќе почнеме со Шардоне од Вардарска Долина.Не многу извикана винарија, ама со извонредно Шардоне за 240 ден. Лесно и овошно со нежни цветни и овошни ароми на праска и диња. Едно од оние вина кои се подеднакво пријатни да се пијат и без, а и во комбинација со некоја полесна храна🥂
Ако за некоја винарија може да се употреби изразот "Hidden gem" тогаш веројатно најмногу би одговарал за малата семејна винарија Кувин. Она по што посебно се одвојува оваа винарија е што е меѓу првите што почна да го развиива винскиот туризам во Скопскиот регион.
👨🌾Нејзиниот
Дали постои Розе грозје- Не! Скоро без исклучок, Розе вината се произведуваат од црвено грозје. Освен при производство на Шампањ каде е дозволено да се мешаат црвено и бело вино за да се добие розе, во сите други случаи ова е строго забрането.
Зошто шишињата за вино имаат отвор одоздола?
Историски,🍾 за вино се произведувале рачно. Отворот(пунт) мајсторите го оставале бидејќи помагал шишето да може да стои исправено. Денес🍾се произведуваат машински и нема потреба од пунт, неговото постоењето е резултат на традицијата
Важно е да кажеме дека не треба да се прави корелација и величење на автохтоноста со тоа дали може да се произведе добро вино ако сортата не е автохтона за земјата. Да, таа може да биде предност во маркетиншки смисол и уникатност, ама секако не е пресудна 4/5
Попови винарија-Темјаника
Вистинско летно освежување за 250ден
Ако треба да се даде име за ова вино, тогаш тоа би било лежерно заводливо.
Чисто и прецизно направено со пријатни но не и пренагласени цветни и овошни ароми на мандарина и кајсија
На вкус има пријатна пролетна свежина
Зошто на некои вина не ја пишува сортата- Голем дел од вината во светов се декларираат по регионот од каде што доаѓаат. Тоа се популрно наречените тероар вина
Нпр.Бордо, Бароло, Риоха, Барово,Кориа..Ова е вообичаено за вината кои доаѓаат од Франција,Италија, Шпанија, Португалија
Во Италија за некое вино да биде резерва мора да биде најмалку 2 години старо пред продажба
Сепак и овде секој регион има своја регулатива.
Нпр. за да Амароне се нарекува резерва, мора да е 4 години старо.
Баролото пак мора да е 5 години одлежано пред да се пушти во продажба 4/4
се однесува и за вината со понизок алкохол и истите имаат помалку калории отколку вината со повисок алкохол.
Во принцип 150 мл. чаша вино содржи помеѓу 120-150 кал.
Некои од најпопуларните нискокалорични вина се Шампањ, Просеко, Гави, Совињон Блан, Ризлинг сув, Пино Ноар и др. 🥂
За Смедеревката- Иако потекнува од Србија и се претпоставува дека е една од најстарите сорти на Балканот, сепак 🇲🇰 е земјата каде што наишла на добри услови за развој. Дел е од нашето винско гастрономско наследство 😀 и е лидер во производство и конзумација на бели вина во 🇲🇰
Дрвата живеат вкупно околу 300 години.Важи за една од најеко индустриите
Дрвото не се сече, само кората се соблекува, а истото продолжува да живее и расте
Плутата заедно со сите нејзини нуспроизводи лесно се рециклираат
Португалија е најголем производител и најдобро успеваат таму
Мала винска препорака- Температурата на пиење на виното е многу важна работа. Исто како што кафето и чајот го менуваат вкусот во зависност од тоа дали гo пиеме топло или ладно, така е и со виното
@pocttopus
@sad_and_soda
Кај нас скоро да не постои винарија која не прoизведува Вранец.
Највисоките нагрaди кои некои вина ги имаат земено се за Вранецот или пак за бленд со Вранец.
Зборот ”Вранец” значи црн пастув и овие вина се многу структурни, силни и карактеристични по својата силна рубин боја 3/4
Мала винска препорака-Вината не треба да бидат изложени на јако светло.Зошто? Силното и природно и вештачко светло може да делуваат негативно на ароматскиот комплекс и да направат вината да остарат пред време.Вештачкото светло пак може да предизвика да се развие и непријатен вкус
Околу Бордо- Покрај тоа што е едно од најпознатите вина во свет,тоа е еден од најкопираните блендови (Мерло+Каберне Совињон).Не постои земја во светов каде што овој бленд (некогаш и со некоја трета сорта) не се произведува. Кај нас може да бидат во комбинација со Вранец
Нпр. најдобриот Малбек во светот го прави Аргентина, а сортата потекнува од Франција.
Карменере е синоним за Чиле,а потекнува од Франција.
Совињон Блан е француска сорта. Нов Зеланд успеа да направи свој идентитет за истата и денес е еден од најпознатите производители на С.Б 5/5
Винско VS Трпезно грозје 🍇
Дали е исто?
Не. Трпезното е за јадење, додека винското грозје служи за призводство на вино и ретко ќе го најдете на нечија трпеза.
Изгледа и природата си го направила своето, па дали дека за јадење, трпезното грозје за око е многу попривлечно 1/2
Што пиеме кога јадеме тестенини? Вино. Она што за нас е комбинацијата шопска со ракија, така за италијаните се паста и🍷. Историски тестенините и виното делат една врска која што е длабоко вкоренета во италијанската гастрономија и култура и како таква се негува и до ден денес 1/4
За ружите и виновата лоза-Поради тоа што одредени болести се појавуваат прво кај ружата, па после кај лозата, ружите, покрај естетската имаат и предупредувачка улога. Па така,ако забележат одредени промени кај ружите, лозарите ќе бидат во можат навремено да реагираат и кај лозите
Светски Ден на Вранецот #Дел4
Остана уште една недела од месецот посветен на сортата Вранец🍇. Продолжуваме со преставување на уште 4 вина од сортата Вранец од малите семејни винарии и тоа: Винарија Друм, Винарија Клинчарови, Винарија Максимилијан, Винарија Киево. Со цени се
Што се однесува до убавите вина, истово важи и денес и најголем дел од винарите поубавите вина ги одвојуваат на страна и ги оставаат да одлежат подолго време пред да ги пуштат во продажба.
После тоа, голем дел од нив додаваат “резерва”на етикетата,а им се зголемува и цената 2/4
1/2 👏 Браво за винариите од Македонија кои земаа награди на
#MundusVini
Во конкуренција на 7200 вина од цел свет се поделиле 37 Големи Златни1,487 Златни и 1,358Сребрени награди. Нашите винарии имаат освоено 21 награда, од кои една Голема златна на
#Dalvina
за Хермес Вранец2015
Што ќе правиме денес? 🤔
Ако немате што да правите, а сте љубители на чашка винце, има салон за вино во Мериот. Ако пак има што да правите, тогаш одложете😜.
Освен вино ќе има и по некоја добра ракиица и џин.
Се гледаме на ГрандВин🍷
Резиме од пастрамајлијадата-
За жал понудата на вина очајна насекаде. Стандардно Тиквеш секаде, тук таму Далвина, по некој Бовин.
Келнерите освен да кажат Тиквеш или Бовин, ништо друго. Поима немаат кои сорти ги имаат,а за берби или вкусови да не зборуваме. Жално и Очајно
Пар/Непар
@BluesnMojo
Диња и Пршута е можеби една од поинвентивните италијански салати.Вината кои би биле добар пар за ова се Просеко, некој полесен шампањ, ризлинг, малвазија или пак некое суво свежо розе. Домашно просеко се уште нема,а од останатите имa доста избор #вино
#vino
Зошто?
Со текот на годините Вранецот успеал толку добро да се вдоми кај нас што сега не само што е најраспространета сорта туку успеал да си изгради и свој идентитет што е својствен само за Вранецот што доаѓа од 🇲🇰
Нпр. Црногорскиот Вранец е со многу поразлични карактеристики 3/5
Истиот принцип го применуваме и за белите сосови. Со поедноставните како песто сос или аглио олио бираме некое лесно бело вино, додека со покомплексните како карбонара, алфредо...бирате покомплесни вина од типот на Шардоне малце барикирано, Гави, Верментино, Шампањ и сл..
Што е вертикална дегустација 🍾🥂- Кога се дегустира ист тип на вино од иста винарија, но од различни берби. Со ова се става акцент на разликите помеѓу различни берби.
Зошто е важен волуменот?🤔
Затоа што е показател за тоа колкаво е влијание на дрвеното буре врз виното.
Помала зафатнина на бурето, поголемо влијание врз виното
И обратно.
Токму поради помалиот волумен, за бариците се смета дека го забрзуваат процесот на зреење на виното
Лозите се садат во вдлабнатини за да може нивните корени да стигнат до хранливата почва под пепелта
Секоја вдлабнатина е опкружена со камен ѕид кој служи како бариера за да може да ја заштити лозата од силните ветрови без притоа да и прави сенка за да може сонцето да продира
Дали сулфитите се штетни? - Секоја земја има законски граници и во рамките на тие секако дека не се. Исклучок се асматичарите.
Инаку многу поголема количина на сулфити има во помфритот, конзервираните храни, сувомеснато...
За вината макс е 350 мг/л, а обично содржат 50-130 мг/л
Во рубриката “Вкусот на пролетта'' неколку вина од малите семејни винари.
🍾Темјаника од Пешков Винарија. Ова е најновото од визбата на Петре Пешков. Ја пушти во продажба буквално денес. Се работи за Темјаника која е од неговиот семејни насади на Темјаника кои се органски
За и Околу Греаното вино- Иако твитер заедницата важи за многу критички настроена кумјунити, сепак има некои твитови кои може да испровоцираат и да мавнат на позитива. Тако�� е твитот од погоре. Те мами да си ја доловиш идилата која е напишана
Дали виното што не е одлежано во барик е помалку квалитетно?
Не.
Не секое вино природно си припаѓа со барикот
Во светов има голем број на”големи вина”кои зреат во буриња со поголема зафатнина Нпр.Бургунди,Амароне..
Барикот е можеби најпознат поради тоа што е најчесто употребуван
добива на комплексност.
Па така, основната верзија домат+босилек+моцарела е многу поедноставна од сосот болоњезе (+мелено месо).Следствено на ова со првиот бираме некое полесно црвено како Пино Ноар,Кианти, Станушина, додека со вториот ќе избереме некое Мерло, Брунело,Картошија👇
Вранецот е Црна Гора,сепак Македонските винарии се тие кои ги имаат направено најубавите и најнаградуваните вина од оваа сорта. Ова не ретко се случува во светот на вината. Нпр. Малбек е сорта автохтона за Франција, ама Аргентина ги направи најубавите вина од него. На здравје 🍷
Се претпоставува дека Вранецот го добила името по ова моќно животно.
Исто така зборот “Вран” значи и нешто со силна црна боја. Па можеби ова е причината зошто во многу земји од бивша ЈУ, наместо црвени овие вина ги викаат црни.
Среќен ден на Вранецот 🍷4/4
Многу автохтоноста ја мешаат со локалноста.
Нпр. Вранецот во Македонија дошол од Ц.Гора и е автохтона сорта за ЦГ.
Родители на Вранецот се Картошијата (која што по потекло е од Хрватска) и Дуљенга (Црногорска сорта). За нас 🇲🇰, Вранецот пак е најпозната локална сорта 2/5
Посебно пријатно изненадување годинава беше успехот на малите винарии Ерос и Марков винарија Тие освоија
Ерос Вранец 2019- Двојна златна
Ерос Шардоне 2019- Злато
Марков Вранец 2019- Злато
Злата освоија и Стоби винарија и Шато Сопот.
Искрени честитки за сите винарии 🥂2/2
Како што се договоривме повремено ќе твитнеме за некое вино. Акцент ќе биде на оние за кои сметаме дека целосно си го оправдуваат постоењето, а посебно цената. Не мора да значи дека скапите вина се најдобри. Најдобро е она кое ќе ви се допадне и кое си ја заслужува цената. 1/3
Нови вина, нови берби, нови награди🏆🥇🍷🥂👏
Пред два дена се објавија резултатите од “Decanter World Wine Awards”- натпреварување кое според значењето е Вимболдон во светот на вината. Нашите винарии освоија вкупно 31 медаља. Највисоки поени освоија.
Честитки!
#DWWA2022
Денес се слави светскиот ден на сортата Малбек. Во продолжение ќе напишеме неколку интересни факти за оваа сорта.
Потекло? 🤔
Иако по потекло од Франција, Аргенитина е земјата каде што оваа сорта го нашла својот дом
Она што Вранецот преставува за Македонија, тоа е Малбек за 👇👇
Какво вино пиеме со тестенини🍝?
Основата на спарувањето на тестенините со вино е да се најде доминантниот вкус по кој што се водиме за да го избереме соодветното вино
Кај тестенините главниот вкус доаѓа од сосот.
Има два основни принципи според кои може да се водиме.Првиот е👇